Најдобрите од Битола со Спорт Талент на турнир во Србија

by zocipro

Спорт Талент Битола како спортска агенција која освен со професионални спортисти работи и соработува со сите спортски организации во насока на промоција на најдобрите таленти во сите спортови. Секако, фудбалот го зазема приматот како од досегашните проекти и настани така и во иднина најголемиот дел од плановите за работа се насочени кон најбитната споредна работа во светот.

Имено, Спорт Талент Битола преку својата работа и следење во изминатиот период направи селекција на млади фудбалери, родени 2005 и 2006 година со кои како селекција од Битола ќе настапи на овогодинешниот турнир на Златибор, познатиот Чин Чин 2018 Куп. Играчите кои ќе бидат застапени во селекцијата членуваат во фудбалските школи од Битола и тоа претежно од: ФК РИС Битола, ФК Пелистер – Битола и ФШ Форца Битола.

Турнирот се одржува во прекрасниот регион во Србија, на Златибор, каде ќе учествуваат преку 150 екипи од цела екс Југославија, со огромен акцент на присуство на скаути и претставници и од сите поголеми фудбалски клубови од регионот. Македонија, преку битолската селекција СПОРТ ТАЛЕНТ се надева дека преку своите игри ќе остави огромен впечаток на сите учесници како и да бидиме дел од наградените екипи и и учесници. Натпреварите се играат на терени од 60X40 метри, на 5X2 метарски голови, во две фази, групна и елиминациона до финале.

Селекцијата од Битола до деновите за патување и настап ќе одржуваат и заеднички тренинзи како и натпревари со други екипи од нивна генерација со цел што поприпремени и поорганизирани настапиме на овој турнир, со што подобро ги претставиме екипите од кои доаѓаат играчите, градот, како и спонзорите кои помагаат и кои ќе ни помогнат и овој пат, што секако е и можност и за нови кои би сакале да помогнат како се самопромовираат во меѓународни рамки. Особено е битно да се напомене дека ова е само почеток на ваков вид на проекти се со цел да талентот на децата продолжи единствено во нагорно ниво со што за краток период би стекнале меѓународно искуство, што повеќе силни натпревари и турнири, соработка и заеднички настап со најдобрите во еден тим, односно сите фази кон создавање на зрела личност и професонален спортист, односно фудбалер.

  • sporttalentbitola
  • Google+
  • Pinterest
  • Print Friendly
  • LinkedIn

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

Pin It on Pinterest

Share This

Share This

Share this post with your friends!

Share This

Share this post with your friends!