Христијан Драгарски, еден од нашите најталентирани фудбалери својата кариера ќе ја продолжи во Молдавија, со големи шанси да уште по првите неколку месеци се радува на титула на неговиот нов клуб Дациа.
Имено, веќе од 14.01 ќе се придружи на екипата во која веќе настапува уште еден наш интернационалец, Меџит Незири каде заедно треба да ја зацврстат нивната одбрана и го отворат патот до титула.
Исто така, минатата година уште еден наш фудбалски репрезентативец, Мартин Богатинов, со посредство на Спорт Талент, односно нашиот претседател беше стандарден голман во тимот на Ермис – Кипар и дел од македонската репрезентација.
Во името на Спорт Талент му посакуваме здравје, среќа и успеси во понатамошната кариера, што не прави особено горди бидејќи целта за која постоиме веќе неколку пати успеваме да ја реализираме особено благодарејќи на професионална соработка на нашите фудбалери.