Италијанската легенда Паоло Роси заедно со нашите фудбалски таленти

by Zoran

 

Спортскиот талент на ова наше мало поднебје е својствен, но главното прашање како е истиот да се негува, разива или со други зборови “искористи”??!

Многу планови, програми, универзални стручњаци во секоја област, а целта т.е резултати скоро и да нема за пофалба. Тука се поставува прашањето, како тоа, кога и да излеземе надвор од нашите граници, на било кој нацин, она што го поседуваме е лесно препознатливо и собира само пофалби и позитиовни критики.

Но, секако целта на овој текст не е пронаоѓање виновници, туку напротив баш дополнителен мотив, желба и зголемена страст за посериозна и попрофесионална работа без никакви предрасуди, сопствени самоубедувања и самопрогласувања и пред се поголема свест на меѓусебно почитување и соработка.

Извештаите и од двата настапи од нашите фудбалски таленти во Италија, би гласеле, талентирани, паметни, со одлични предиспозиции за напредок и секако благи критики за она што и сами го знаеме каде треба да се работи и корегира.

Фатон Таировски и Александар Поповски ги очекуваат официјалните извештаи од италијанската академија каде оставија солиден впечаток, што само по себе и говори заинтересираноста на академијата да нешто слично се работи во Македонија, односно конкретно Битола зад која работа би застанеле комплетно особено во техничкиот дел, како и нивната покана за турнир во Јануари насловен во чест на една италијанска легенда Паоло Роси, со кој баш имамве чест и да се запознаеме.

Olimpico

 

Секако претходно, слично позитивно искуство имавме и со наши екстра надежни и талентирани фудбалери, Кристијан Тасески и Никола Димитровски со академија на АЦ Милан, каде позитивните критики, совети и насоки не изостанаа од тренерите и особено Валтер Де Веки, исто така италијанска фудбалска легенда и тренер на екипата на Милан до У14 години.

Dressing Room AC Milan

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More