Варшава, националниот стадион вечерва е местото каде еден мора да победи, дали тоа ќе биде Украина или Шпанија, дали Емери или Маркевич, односно Днипро или Севилја, само една екипа која ќе биде покомпактна и ќе има повеќе среќа ќе го има приматот.
Според најавите и известувањето од лице место на најсилниот медиумски поддржувач на Спорт Талент, најпознатиот македонски новинар, Зоран Мишевски, иако дождливо, ладно време се очекува редок фудбалски спектакл на еден од најубавите стадиони во Европа со целосна затворена кровна конструкција, така да временските непогоди не треба да имаат никакво влијание.
Нас, како фудбалски фанови, поддржувачи и работници во овој спорт ни останува да очекуваме и уживаме во многу фудбалски потези, акции, голови, но со оглед на значајот на финалето пред се фудбалски стратегии.