Во соработка со тренери носители на УЕФА лиценца (специјалност голмани), од кои и споменатиот Бранислав Радојчиќ, Ви го препорачуваме овој камп повторно, за нови, млади, спортски таленти. Да Ве потсетиме – Бранислав беше тренер на еден од камповите на познатата Барселона одржан минатата година во Сараево – Босна и Херцеговина и исто така веќе тренирал неколку голмани во Р.Србија кои се изградени во професионалци и настапуваат во поголеми европски лиги.
Кампот ке се оддржува од 4-ти до 9-ти Јули 2016 година, во Врњачка Бања. На кампот можат да учествуваат голмани од 9 до 16 години, а се очекува прекрасна дружба и соработка помеѓу голманите од повеќе земји – Македонија, Србија, Црна Гора и Унгарија.
Кампот покрај добрата дружба, стекнување на нови знаења и сикуство, нуди за секој учесник:
– осум тренинзи
– сместување во хотел со 5 полни пансиони
– голмански дрес, две маици и два шорцеви
– диплома
– и поклон изненадување!
Одлична можност за дружба, собирање искуство, учење заедно со други идни голмани и сето тоа верификувано и поддржано од Спорт Талент, кој се разбира, повторно овозможува дополнителни бенефити и попусти за сите учесници кои ќе не контактираат и сакаат да се пријават на овој камп.
Побрзајте, бројот на учесници е ограничен.
Спортски Поздрав,
СПОРТ ТАЛЕНТ
sporttalentbitola@gmail.com
+389 75 339 519