Спортот, односно фудбалот бара многу “жртви”, доста откажувања, напор и тренинг за да се успее. Сето тоа е далеку полесно кога би ги имале вистинските услови, желба и мотивација.
Во таа насока, пред се на наше огромно задоволство и благодараност како ЗССД СПОРТ ТАЛЕНТ до АВТО КАМП КРАНИ кој оваа година и се надеваме во иднина ќе биде наша спортска база за дополнителни тренинзи и натпревари.
Наш новитет од оваа година ќе претставуаат дополнителните индивидуални тренинзи за одржување на физичката подготвеност и надоградба на фудбалските вештини и тоа токму за најмладите учесници кои ќе бидат селектирани од Скаутинг Кампот во Битола, 11-14 Јуни во наша организација.
Имено, НАЈДОБРИТЕ ТРИ учесници од скатуинг кампот Битола 2015, од најмалите категории (10-15 години), предводени од тренер кој ќе биде обезбеден од Спорт Талент, ќе имаат ексклузивна бесплатна еднонеделна “авантура” која ќе биде составена од бесплатно летување во автокампот Крани, со дневни индивидуални сесии и тренинзи.
Сите останати кои секако ќе се прикажат во одлично светло на самиот камп, можат исто така да си резервираат место и да ја искористат оваа ретка можност за комбинирано летување покрај прекрасното Преспанско езеро проследено со професионална фудбалска подготовка.
1 comment
[…] Бесплатно еднонеделно летување со тренер за индивидуални тренинзи за најмладата […]
Comments are closed.