Македонија може да остане горда дека сеуште имаме фудбалски таленти, особено Битола и на било кој начин да се започне сериозно да се работи на долгорочни проекти кои ќе ги трансформираат истите во вистински идни фудбалски професионалци.
Патот до тој успех и повеќе од се ни е јасен, само што поставувањето на работите, менаџирањето на истите е секогаш рак раната која не ги дава очекуваните резултати после и само почетните најави дека ете сега е се променето, дека сега почнува вистинското. А, пак вистинското баш и треба да е бизнис ориентирано, да вложиш, па да добиеш.
Како во продолжение, како завршница од скатуинг кампот, Спорт Талент е особено горд од прикажаното од учесниците, при што и фактот наместо планираните двајца најдобри ќе одиме со четворица наши млади фудбалски таленти веќе следниот септември во Италија.
Фатон Таировски, Александар Поповски, Никола Димитровски и Кристијан Тасески се идните ГОРДИ МАКЕДОНЦИ кои како идни професионални фудбалери ќе не претставуваат (се надеваме) особено надвор од границите на Македонија.