ФК РИС, пред се се стреми да биде единствен во однос на меѓународната соработка со веќе познати и признати фудбалски академии за кои наскоро ќе бидат официјализирани и неколку конкретни соработки како во однос на тренерскиот кадар, работата според нивни критериуми и теркови, така и во однос на промоција на таленот кој клубот и школата го поседува особено во најмалите категории.
Единствени и во однос на тренерскиот кадар со што идеата и целта е да сите членови бидат тренирани и насочувани од млади тренери, кои ќе сакаат како лично заедно со децата да напредуваат така и најлесно ги применуваат современите методи на работа и пристап кои се користат од неколку европски фудбалски академии. За таа цел со оглед на секојдневното зголемување на бројот на членови веќе се ангажирани тројца тренери за техника, и тоа: Горан Шалевски-Шешо, Дејан Белевски и Мартин Георгиевски, кои се сеуште активни и на фудбалски план како играчи во различни нивоа од системот за натпреварување. Единствени и од аспект на овозможувањето на децата преку дополнителен соодветен кондициски тренинг, социјално, физички и психички се надоградат со помош на признатиот и познат во таа област единственито Михајло Петровски-Сајкал. Исто така, се истакнува можноста како за овој тим на тренинзи така и за фудбалските, клубот овозможува и индивидуални тренинзи за заинтересираните играчи.Единствени, од аспект што овозможуваат непрекинат развој на младите фудбалски таленти од најмали нозе од четири годишна возраст да тренираат и се натпреваруваат до сениорска конкуренција, каде фудбалскиот клуб уште од оваа сезона започна да се натпреварува во општинска лига во Битола, каде исто така костурот на тимот во иднина ќе го носат исклучиво млади играчи од 16 до 20 годишна возраст со неколку поискусни лидери во тимот.
Единствени и од аспект што за толку краток период, клубот учествуваше на неколку домашни и меѓународни турнири со забележителни резултати и првиот освоен трофеј во своите витрини со генерација 2004 година. Брзиот напредок овозможи покани за уште неколку турнири и надвор од Македонија на кои веќе ќе се учествува со почетокот на наредната полу сезона. Во краткорочните планови на клубот кои веќе се во фаза на завршна реализација е и организирање на фудбалски кампови со домашни и странски тренери на истите по теркот на претходно реализираните од Спорт Талент за ФК Емполи во Битола.Остварувањето на целите преку соодветните тренинзи се одвива генерално на Ќумурното Игралиште во Битола и тоа во: Понеделник, Среда и Петок во 09 и 17.00 часот (17,30 за помалите генерации). Уписите во фудбалскиот клуб РИС Битола се овозможени секојдневно преку телефонските броеви 075 339 519 или 070 314 904, емаил: fkris2017@gmail.com или пак директно кај тренерите за време на тренинзите.
Единствени, ФК РИС БИТОЛА!