ТЕРМИНИ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ И ТЕСТ НАТПРЕВАРИТЕ:
11.06.15 – Четврток
Пристигнување на сите учесници со место на прозивка во ресторан Путник (наспроти Градската Автобуска Станица – Битола) од 16:00 до 17:00 часот, прва тренинг сесија започнува во 17:30 часот
12.06.15 – Петок
Ќе се одржат две тренинг сесии и тоа првата од 08:30 до 10:30 часот, и попладневна од 18:00 до 20:00 часот
13.06.15 – Сабота
Исто така две сесии, од која првата од 08:30 до 11:00 часот предводена од нашиот досега најуспешен селектор, Никола Илиевски-Џиџи на саботната претпладневна сесија, на која заедно со неговите асистенти Ѓорѓе Тодоровски и Стево Митровски, ќе одржат екстра тренинг со акцент на ФУНКЦИЈАТА И ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА ПЛЕЈМЕЈКЕРИТЕ ВО ФАЗА НА НАПАД И ВО ФАЗА НА ОДБРАНА!
Првиот тест натпревар следува во попладневниот термин од од 17:30 до 19:30
14.06.15 – Недела
Последниот ден претпладнето ќе биде резервирано за одмор и подготовка за последниот тест натпревар од каде ќе бидат избрани најдобрите и истиот ќе се одржи од 17:30 до 19:30 часот.
Сите останати тренинг сесии, како и натпреварите ќе бидат водени од Диего Рокафорте, како и од нашите познати тренерски имиња Наум Љамчевски – ФК Пелистер, Никола Мрмачовски – ФШ Еден на Еден и тренер за голмани Владе Костадиновски. Исто така, во техничкиот дел ќе учествуваат Златко Цветаноски – ФШ Талент-Битола и Лазе Гаштаров – ФШ ЛГ – Битола, односно нивни претставници.