ЗССД Спорт Талент Битола со задоволство ја претставува и најавува новата долгорочна соработка со новоформираниот клуб и школа Фудбалскиот Клуб РИС од Битола. Имено, досегашните соработки, наши соработници, партнери, успешни остварени проби и трансфери, како со најмалите таленти, сегашни и идни репрезентативци бидат само мотив плус за сите оние кои веќе знаат за Спорт Талент со иста цел се приклучат и зачленат во ФК РИС.
Неколку години наназад, започнавме со идеа за промоција на пред се фудбалскиот талент на ова поднебје, додека многу не веруваа дека тоа го имаме, успеавме и успеваме. Мотивот за докажување само се зголемуваше и ќе се зголемува на повеќе нивоа со цел баш сите фудбалски таленти бидат видени, промовирани и докажани пред поголемата европска и светска фудбалска елита.
Плановите на ФК РИС Битола во многу детали се поистоветуваат со СПОРТ ТАЛЕНТ и веќе стигнуваат покани од повеќе земји како за учество на турнири, понуди да овие таленти ги тренираат нивни тренери, покани за стипендиска соработка од академии од Белгија, САД и Италија и ред други идеи и планови кои ќе се реализираат дел по дел и во целост како и се претходно.
Спорт Талент веќе расте и како агенција со повеќе успешни трансфери како на македонскиот пазар така и надвор од кои накратко ќе ги издвоиме, Мартин Богатинов во Ермис- Кипар преку Христијан Драгарски во молдавска Дачиа до некои од најновите екстра талентираниот Лукас во Ренова, Годвин Менша во иранскот шампион Персеполис до еден од нашите најдобри таленти кои прозлегле од Битола и сеуште игра на високо ниво Мирко Ивановски во хрватскиот Славен Белупо.
Фудбалската школа и клуб РИС Битола во целост ќе ја добива поддршката од Спорт Талент и во насока на обезбедување на стручни тренинзи од наши признати искусни тренери, програми како од фудбалската федерација така и од академиите во кои сме во тесна соработка каде ќе се надоградуваат тренерите од школата како и децата ќе имаат можност да се претставаат на меѓународно ниво.
Во насока на претходното најкраткорочните планови на оваа соработка се веќе во крајна реализација со што ФК РИС Битола ќе има свој претставник во општинска лига Б под ОФС Битола, односно ФФМ каде веќе играчи со полни 16 и постари години ќе ги претставуваат боите на клубот во сениорска конкуренција, додека сите останати генерации соодветно ќе се натпреваруваат во детската лига под координацаија на фудбалската федерација на Македонија.
На крај благодарност до сите кои ни ја даваат безрезервната поддршка како од медиуми, спонзори до активни професионалци на кои се надеваме преку соодветни успеси ќе им возвратиме.