ФК РИС Битола, веќе активно ја започна новата година со активна работа на тренинг, но пред се и во промоција на она што ќе следува во истата. Имено, веќе е позитивно одговорено на повеќе покани за турнири, пред се за најмалите генерации на што е и ставен најголемиот фокус во развојот на школата која е дел од фудбалскиот клуб.
Исто така, во клубот има единствена можност да Вашиот талент и желба не прекине на Ваши 12, 14 или 16 години со што ќе продолжите да се редовно натпреварувате, развивате како во играчи така и во здрави личности. Единственоста произлегува и од самиот сениорски тим кој е претежно составен од млади играчи, кои можеби неискусни, но талентирани за со своите 16 или 17 години се развијат во професионалци преку играње на редовни натпревари во сениорска конкуренција.
Со помош на спортската агенција Спорт Талент, ФК РИС Битола ја припреми програмата за работа за оваа година со надеж во истата имаме што повеќе учесници и соработници. Имено, Спорт Талент е спортска агенција која е добро позната и во меѓународни рамки, преку одлични директни соработки со познати клубови и академии, на два наврати организираше фудбалски кампови токму во Битола, на кои учествуваа деца од најразлични градови од Македонија и соседна Албанија и од кои кампови произлегоа одлични фудбалери кои денес се веќе познати професионалци и репрезентативици.
Уписот на нови членови од 4 до 16 години, во фудбалската школа е отворен и се поканети и сите заинтересирани родители за подетални информации слободно да се обратат преку емаил: fkris2017@gmail.com или на телефон 075 339 519. Во продолжение низ фото галерија како Спорт Талент работеше и работи во изминатите години, како и почетокот на ФК РИС Битола од минатата година.
https://www.facebook.com/fkrisbitola/
ЕДИНСТВЕНИ!