Спорт Талент повторно во поход на Италија со уште двајца огромни фудбалски таленти, откако пред многу кратко време бевме достојно претставени од нашите таленти Никола Димитровски и Кристијан Тасески пред академијата на АЦ Милан, каде добивме позитивни критики од сите присутни тренери, пред се од главниот тренер до У14 и италијанска легенда Валтер Де Веки. Патот до успехот е трасиран со особена помош од нашите пријатели во Италија, пред се на скаутот на АЦ Милан и ФИФА агент Алесандро Паван кој вложи доста труд, време и финасиски средства за сето ова стане реалност.
Па, во таа насока и продолжуваме, додека Кристијан (2003 година) наскоро треба да продолжи во германска фудбалска школа со развивање на неговиот талент, Никола (2003 година) продоложи да ги “решета” противчничките мрежи и веќе настапува во детската лига со генерација 2001 година, други двајца таленти веќе се во последни подготовки за нивното претставување во Италија.
Имено, Александар Поповски (2001 година) и Фатон Таировски (1997 година), веќе од 21 до 26 септември ќе се претстават пред повеќе скаути, тренери и агенти на повеќе италијански клубови во соработка со ИСМ Италија од Перуџа како и неколку дена на директна проба во SS Maserata од каде очекуваме само позитивни препораки и резултати.
Секако, тука не застануваме, Спорт Талент со големи планови за иднината вклучувајќи ги сите кои искрено сакаат да соработуваат, да создаваат, се ценат меѓусебно, споделуваат знаења, успеси и идеи со една единствена цел, да го искористиме фудбалскиот талент и почнеме да ја извлекуваме нашата земја од дното кое го има допрено на овој план.