Фатон Таировски на проба во Италија

by Zoran

СПОРТ ТАЛЕНТ со континуираната работа за своите играчи продолжува единствено од нашата земја освен добрата соработка со најдобрите македонски клубови истата да ја проширува преку промоција на квалитетите и предностите на фудбалските таленти и надвор од нашите граници.

Имено, станува збор за неколку дневна проба во неколку италијански клубови меѓу кои се издвојуваат Болоња, Фросиноне, Сан Марино и Анкона и тоа за играч кој веќе е добро познат за поголем број на скаути и соработници од кои беше следен особено после добро прикажаните партии на пробата во ФК Емполи која дојде како избор на еден од камповите организирани од нашата организација во Битола.

Целокупната организација за овие неколку дневни тестови се одвива во соработка со еден од нашите партнери А.Зорба за млади таленти и играчи кои претежно работат на територијата на Италија и Австрија. Тренинзите и натпреварите ќе се одвиваат пред очите на одговорните лица на горе наведените клубови и за одреден број на играчи на сите позиции.

Спорт Талент му посакува добар иден тренинг период за што подобро прикажување на терен во Италија со надеж за уште подобри препораки од самите игри како и можност да кариерата ја продолжи токму во еден од овие клубови.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More