Никола Илиевски-Џиџи, иако на три саати тренинг, доволно покажа како тоа произлегле многу насочени и успешни фудбалери со неговата стручна, интелектуална и пред се професионална помош во градењето на вистински фудбалери и личности. Тренинг кој ќе го паметат сите кои не само што учествуваа туку и сите кои го проследија од терен или од трибините, тренинг кој особено се надеваме остави длабока мотивација и желба за силна работа во иднина на играчите.
Ние, како организација се надеваме на уште многу вакви слични собири, кои секако ни е особена чест што само со еден повик добивме позитивен одговор и повеќе од очекуваното заедно се неговите помошници прикажат одлични фудбалски идеи, мотиви за ефикасна игра каде пред се ТИМОТ е силата, тој е оној кој победува.
Секако во иднина, само треба да се бориме ваквите вистински професионалци добиваат вистински позиции во сите спортови, не само во фудбалот во нашата земја за да добиеме иден Пандев, Стојков и ред други играчи кои само ќе се потсетат читајќи го овој текст што се научиле од овој прекрасен професионаец во својата професија.
За крај, би се запрашал, што се би донел еден тим кој ти би го предводел во смисла на долгорочни успеси, почнувајќи од него како тренерски-менаџерски дел до самиот менаџмент кој заедно би поставил заеднички план за работа со висок степен на одговорност во исполнувањето.