Камп за голмани – Охрид 2017

by zocipro

Спорт Талент секогаш во насока на промоција и развој на спортските таленти, уште еднаш нуди можност за добивање на нови искуства, кое секако ќе биде неопходно во процесот на создавање идни професионалци.

Во соработка со тренерот Бранислав Радојчиќ носител на УЕФА Б лиценца, специјалност голмани, Ви го препорачуваме овој камп за голмани во Охрид од 10-ти до 15-ти Јануари 2017 година. Неговото големо искуство,особено во работа со млади категории повеќе од 7 години, учество на многу кампови и семинари и неговата желба за споделување на истото со нашите млади таленти, ќе им биде од големо значење и мотив за понатамошна успешна работа. Имено, Бранислав беше дел на еден од камповите под капата на познатата Барселона одржан минатата година во Сараево – Босна и Херцеговина. Тренирал неколку голмани во Р.Србија кои веќе се професионални голмани и настапуваат во поголеми европски лиги.

За да биде искуството уште побогато, на овој камп со него ќе соработува уште еден лиценциран УЕФА тренер, чие име ќе биде објавено во текот на следните денови.

И овој камп како и претходниот минатата година на истата локација, е наменет за талентирани голмани на возраст од 7 до 17 години, кои ќе бидат професионално поделени во возрасни групи. Тренинзите ќе бидат спроведени на терените на „Билјанини Извори“, но доколку има потреба ќе се користи и балонот со вештачка трева.
Кампот кој ќе се одржи во во еден од нашите најубави градови, Охрид, изнесува 12000 денари за кои секој учесник добива:

– осум тренинзи

– сместување во вила „Верон“ (полн пансион)

– голмански комплет

– тренерки

– диплома

Основната цел на кампот се секако професионалните тренинзи, меѓутоа, одличната можност за дружба, стекнување на искуство, учењето заедно со други идни голмани, се уште еден голем бенефит. Спорт Талент е секогаш на страната на младите таленти, поддржувајќи ја силната волја за успех, затоа со оглед на тоа, Спорт Талент овозможува неколку дополнителни бенефити и попусти за сите учесници кои ќе не контактираат и сакаат да се пријават на овој камп.

Рок на пријавување е до 15 декември 2016 година.

Спортски Поздрав,

СПОРТ ТАЛЕНТ

sporttalentbitola@gmail.com

+389 75 339 519

kamp-ohrid-2016-i-dan-i-trening-024-1
  • sporttalentbitola
  • Google+
  • Pinterest
  • Print Friendly
  • LinkedIn

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

Pin It on Pinterest

Share This

Share This

Share this post with your friends!

Share This

Share this post with your friends!