Чест е да познаваш легенда, па и спортска за мене уште повеќе. Николче Новески, битолска (демир-хисарска) и македонска гордост, денес како што и заслужи испратен од германскиот клуб Мајнц каде остана верен цели 11 години. Верноста, баш кај него дала многу жртви, многу труд и пред се професионалност.
Спорт Талент уште еднаш јавно сака и да се заблагодари за неговата безрезервна поддршка на минатогодишниот и овогодишниот камп, да му посака уште многу успеси како во фудбалскиот свет така и на приватен план.
Благодариме што не правиш горди Македонци, во спортски и други околности кога можеби е и најтешко да бидеш Македонец!
З.В.