Уште еден наш перспективен успешен напаѓач, доскорешен играч на белгискиот Зулте Варегем, ќе го осети сјајот на италијанската Сериа А.
Имено, македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, потпишал две годишен договор со тимот на Палермо во најсилната италијанска лига, која секако е една од најдобрите во светот.
Спорт Талент пред се му посакува среќа и успешни настапи во новиот дрес како и во дресот на македонската репрезентација.